
Поповите и оџите на Фондот за пензиско осигурување му должат над 2,5 милиони евра за пенизско и инвалидско осигурување.
– На Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, на основа на неплатени придонеси субјектите му должат негде околу 10,8 милијарди денари. Во оваа цифра влегуваат сите правни и други супбјекти, трговци поединци, земјоделци, оџи и попови“, рече Беким Незири, директор на ПИОМ.
Тој ја најави законската измена со која сите оние кои до 31.12.2008 година не ги подмириле своите обврски за придонеси, ќе може до 31-ви мај да аплициираат за отпишување на каматата, со што ќе треба да ја платата само основната главнина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


