| четврток, 6 декември 2018 |

Во Нанси им се суди на 35 лица од Албанија, Косово и од Македонија за трговија со дрога

суд

За 35 лица, од кои две жени, државјани на Албананија и на Косово, како и на тројца македонски државјани, им се суди од страна на кривичниот суд на Нанси, Франција, во рамки на меѓурегионалниот специјализиран суд за трговија со дрога во организирана криминална група.

На судското рочиште, кое би треба да трае до 9 октомври, јави дописникот на МИА од Париз, од 22 присутни на судењето, петмина се во затвор, додека другите се бранат од слобода под судска контрола, а другите се во бегство.

Осомничените се товарат за шверц со хероин и кокаин и тоа според обвинителството во регионот на Сен-Луи, на трите граници со Франција, Швајцарија, Германија. Истрагата, како што пренесува весникот Л’Ест Републикан, е отворена во текот на втората половина од 2010 година, со повеќе физички набљудување, прислушување и озвучувувања на автомобили, што довело до масовна полициска акција и апсења на 16. октомври 2012 од страна на швајцарската, француската и германската полиција.
Апсењата, јави дописникот на МИА, биле спроведени од страна на специјализираните полициски сили, Граничната полиција со тимови опремени со кучиња. При претресите тогаш биле пронајдени 8,5 килограми хероин и кокаин, 50 килограми производ за мешање на дрога и големи суми на пари. Осомничените се соочуваат со максимална затворска казна од десет години, додека тие кои по втор пат се судени можат да добијат и двојна казна, како и забрана за престој на француска територија и протерување по издржување на казната.

Јавното обвинителство на завршниот збор во текот на денот ќе ги соопшти побараните казни за обвинетите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top