| четврток, 6 декември 2018 |

Сноуден: Разузнавачките служби можат паметните телефони да ги користат како средство за следење

Поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА) Едвард Сноуден изјави дека британската разузнавачка служба Центар за владини комуникации може да упадне во паметните телефони без знаење на нивните сопственици и да ги користи како средства за следење, јави ТАСС.

snouden-640x360

Сноуден во интервју за „Би-Би-Си“ истакна дека Центарот може да добие пристап до одреден телефон, со тоа што до него ќе испрати кодирано соопштение и да го користи за прислушување и за снимање.

Според него, Центарот и НСА инвестирале значителна сума пари во технологии што овозможуваат да се упадне во телефоните и да се управува нивното вклучување и исклучување, да се одреди локацијата на тој што го користи телефонот, да се прислушува сè што се случува наоколу, дури и кога телефонот е исклучен.

– Откако ќе добијат пристап до телефон тие можат да видат на кого се обраќа одреденото лице, што пишува во текстуалните пораки, што бара на интернет, какви места посетува – изјави Сноуден.

Тој го означи британскиот Центар за владини комуникации како огранок на НСА, кој доставува технологии, извршува задачи и раководи со операции. Според него главни цели се следење на лица осомничени за тероризам и за други криминални дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top