Свештениците кои покажале „несоодветни сексуални тенденции” во Ватикан, се префрлени во манастирот Вентури во Тренто на период за „обука, личен одраз и просветлување”, пишува Independent., објави „Фактор“.
Ватикан тајно испаќа геј свештеници во манастир во близина на Алпите за да се “лечат” заедно со педофилите и зависници од дрога, тврдат и италијанските медиуми.
Ова следува откако минатата недела стотици католички бискупи и свештеници три недели елаборираа прашања од црковните учења за семејниот живот и хомосексуалните односи како „посебен синод”.
Минатиот викенд пак, полски свештеник беше разрешен од Ватикан, откако јавно кажа дека е геј и има долга врска со неговиот партнер.
Поранешниот свештеник Марио Бонфанте, бил испратен во манастирот Вентури откако неговите претпоставени откриле дека е геј. Во манастирот требало тој „да се врати на правиот пат”, но откако одбил, бил отпуштен.
Свештеникот Џанлуиџи Пасто, 72, задолжен за манастирот Вентури за италијанските медиуми изјави:
“Можам само да кажам дека тука сме да им помогне на свештениците да станат здрави.”
Портпаролот на Ватикан пак, рекол дека немаат коментар.
Активистите за правата на хомосексуалците луто реагираа на извештаите.
“Овој вид на работа е сосема погрешен”, вели Френсис де Бернардо, директор на американската католичка група за правата на ЛГБТ заедницата.
“Да се биде геј не е болест која треба да се излечи. Она што треба да се лечи е хомофобија.”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.