Секојдневно се соочуваме со дилемата што да облечеме, а тоа да биде комбинација од модерно, удобно и паметно. Едно истражување на оваа тема, дефинитивно ќе ви биде од помош.
Имено, во истражувањето учествувале 1.000 луѓе од Британија, кои биле прашани како гледаат на бојата на облеката и карактерните особености, односно која боја ја поврзуваат со најпозитивните карактеристики. Според истражувањето, црната боја се најде на првото или второто место на сите позитивни карактеристики, како што се интелигенција, самодоверба и сексапил.
Како најинтелигентни личности биле забележани оние што носеле црно, потоа сино и бело. На сосема спротивната страна, пак, се розовата, портокаловата и жолтата боја – розовата е бојата која најмалку се поврзува со интелигенција.
Кога станува збор за привлечност, мажите одличиле дека жените изгледаат најсекси во црно, додека, пак, жените дека мажите изгледаат најсекси во црвено, а потоа во црно. Генерално, истражувањето покажа дека доколку имате важен деловен состанок, интервју за работа, дејт и слични важни настани носете црно – како што претходно увидовте истото ќе придонесе луѓето да ве доживеат како личност со комбинација од најдобрите квалитети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




