Одлика на исклучително успешните луѓе е да држат високи нивоа на стандард во многу аспекти – не прифаќаат ништо помалку од тоа што сакаат да го постигнат
Успешните луѓе веруваат дека успехот доаѓа од намерите и од акциите, а според „Бизнис инсајдер“, ова се некои од работите што тие никогаш не ги прават:
- Не дозволуваат минатото да им ја диктира иднината
Сите имаме ограничувања, предизвици, но и грешки. Најбитно е тие работи да не нè спречуваат во напредокот, туку од нив да извлечеме поуки. - Не озборуваат
Многу е тешко да се држите надвор од секојдневните трачеви, но треба да знаете дека личноста што ги озборува другите исто така зборува против вас зад вашиот грб. Наместо трачеви, подобро е отворено да зборувате за идеи и за чувства. - Не доцнат
Иако многумина тврдат дека се личности што доцнат, тоа, всушност, е само нивниот личен избор. Од друга страна, успешните луѓе никогаш не доцнат, туку на закажаните состаноци понекогаш доаѓаат и порано. - Никогаш не се лутат
Нелсон Мендела рекол: „Лутината е како да испиете отров и да се надевате дека така ќе ги убиете вашите непријатели“. Истото важи и за горчината и за љубомората – единствената личност која на крајот губи сте вие. - Не ги прекинуваат другите додека зборуваат
Кога во текот на разговорот ги прекинувате другите, всушност, исто како да им порачувате дека не ве интересира што рекле тие, туку битно е тоа што сакате да го кажете вие. Доколку сакате да воспоставите вистински однос, навистина слушајте што имаат да кажат другите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.