| четврток, 6 декември 2018 |

Сирискиот конфликт може да прерасне во поширока верска војна

FRANCE - ALGERIA - BURKINA - MALI - AVIATION - CRASH

Францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабиус, денеска изјави дека воздушните напади во Сирија мора да бидат насочени против екстремистите на Исламска држава (ИД), но и против други групи кои се „сметаат за терористички“, укажувајќи на опасност дека сирискиот судир може да се претвори во широка верска војна.

Коментирајќи ја изјавата на францускиот претседател Франсоа Оланд, дека руските воздушни напади „мора да бидат насочени против ИД и само против ИД“, Фабиус објасни дека тоа не ги исклучува другите групи како што е Фронтот Ал Нусра.

– Кога гледате конфликт кој прво бил граѓанска војна, дека станува регионална војна која ги вклучува меѓународните сили, Русија, Иран, САД, тогаш ризиците се сериозни. Најстрашен ризик е судирот да се претвори во верски- истакна Фабиус.

Според него, доколку постои шиитска популација на една страна со своите сојузници и сунитска популација на друга страна со своите сојузници, тогаш може да биде многу опасно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top