Синоќа во дербито на 7. коло во Серија А лигата во Италија, екипата на Милан доживеа тежок пораз на „Сан Сиро“ од Наполи со 0-4.
Новиот тренер кој дојде ова лето, Србинот Синиша Михајловиќ, секако, се чувствува лошо по лошиот почеток на сезоната во која има дури четири порази.
Сепак, тој не размислува за оставка и бара време да ги консолидира редовите на „росонерите“ и да почне серија на добри резултати.
– Не се сомневам дека наскоро ќе добијам повик од претседателот Берлускони, и јас сигурно ќе му објаснам што се случи. Клубот и раководството се тие кои, како и секогаш, треба да донесат одлука, но јас нема да поднесам оставка. Јас лично сум убеден дека можам да пронајдам решение за проблемите. Сум пребродувал вакви моменти и во други клубови и можам тоа да го направам и во Милан. Потребно ми е малку време, иако сигурно не сме во состојба да го бараме – вели Михајловиќ по поразот од „наполитанците“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.