| четврток, 6 декември 2018 |

Нетанјаху најави „војна до смрт против терористите“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел „до смрт ќе ја води борбата против палестинскиот терор“.

netanjahu_40538318

Нетанјаху додал и инструкции за забрзување на процесот за уривање на домовите на палестинските терористи, како една од мерките да се спречи серијата терористички напади.

Тој тоа го најави по состанокот со највисоките воени претставници, истакнувајќи дека им дал инструкции да се зголеми бројот на т.н. административни притвореници, без обвиненија и судски процеси, да се распоредат повеќе безбедносни сили во Ерусалим и на Западниот Брег и да се протераат агитаторите од ерусалимскиот стар град и од Ридот на храмот, каде што се наоѓа џамијата Ал Акса.

– Водиме војна против палестинскиот тероризам, нагласил Нетанјаху по средбата, на која учествуваа и израелскиот министер за одбрана Моше Јалон, министерот за јавна безбедност Гилад Ердан, началникот на израелската армија Гади Ајзенкот и шефот на безбедносната служба Шин Бет, Јордам Коен.

По двата напади на палестински милитанти врз цивили викендов, израелската полиција вчера воведе драстична мерка за дводневна забрана за Палестинците да влезат во Стариот град на Ерусалим, доколку таму не живеат, работат или се школуваат. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top