| четврток, 6 декември 2018 |

Новинари на „Ал Џезеира“ преживеаја воздушен напад во Сирија (видео)

sirija napad

Новинари на „Ал Џезеира“ преживеаја воздушен напад во Сирија додека снимале на место кое претходно било бомбардирано. Новинарите не се повредени, но еден член на локалниот спасувачки тим загинал, а друг е ранет.

Новинарот Адхам Абу Хусам рекол дека екипата била во градот Ихшим од каде известувал за жртвите и штетите предизвикани од двата воздушни напади во тоа подрачје.

Третиот напад се случил во моментот кога екипата стигнала на самото место, а спасувачките екипи ги евакуирале мртвите. Се претпоставува дека нападите се извршени од руски борбени авиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top