Новинари на „Ал Џезеира“ преживеаја воздушен напад во Сирија додека снимале на место кое претходно било бомбардирано. Новинарите не се повредени, но еден член на локалниот спасувачки тим загинал, а друг е ранет.
Новинарот Адхам Абу Хусам рекол дека екипата била во градот Ихшим од каде известувал за жртвите и штетите предизвикани од двата воздушни напади во тоа подрачје.
Третиот напад се случил во моментот кога екипата стигнала на самото место, а спасувачките екипи ги евакуирале мртвите. Се претпоставува дека нападите се извршени од руски борбени авиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.