| четврток, 6 декември 2018 |

Порошенко: САД ѝ ветиja ново оружје на Украина

Petro porosenko

САД ветија дека ќе ја снабдат Украина со ново оружје, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко.

– Додека бев во Њујорк, трипат се сретнав со американскиот претседател Барак Обама, пред и по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин и по разговорот со американскиот потпретседател Џозеф Бајден, кога ми рече дека е потпишан документ за снабдување со ново оружје на Украина – изјави Порошенко во интервју за украински медуми.

– Тоа оружје ни е неопходно како воздух – изјавил претседателот на Украина.

Тој се надева дека до 15 октомври на Украина ќе ѝ биде одобрен статус на непостојана членка на Советот за безбедност на ОН.

Порошенко не ја исклучува можност и за присуство на седниците на Генералното собрание на ОН на 15 октомври, кога ќе бидат бирани непостојаните членки на Советот за безбедност.

Веројатно ќе бидам на таа седница, рекол украинскиот претседател.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top