Околу 12 илјади Турци кои живеат во Франција и во Турција се собраа денеска во Стразбур на собирот против тероризмот на кој треба да се обрати турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Неговите противници собирот го оценија како предизборен митинг пред предвремените избори.
Ердоган кој како наведува Франс- прес беше дочекан како рок-ѕвезда, на почеток на обраќањето рече дека „постојат луѓе кои и се закануваат на Турција со оружје и со бомби и кои сакаат да ја вратат земјата во темни вилаети на тероризмот“.
Собирот наречен „Милиони гласови против тероризмот“ не е предизборен митинг, посочија организаторите.
Во Стразбур истовремено се одржува втор собир против Ердоган на кој се собраа околу 1500 луѓе.
Околу 75 илјади Турци се регистрирани во избирачките списоци во конзулатот во Стразбур.
Предвремените парламентарни избори се закажани за први ноември и распишани се откако владејачката Партија на правдата и развојот не успеа да формира коалициска влада по јунските избори, за прв пат откако во 2002 година го загуби мнозинството во парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


