Вчера во 15:00 часот во Скопје на бул.„Филип Втори Македонски“ бб, пред влезот на подземната паркинг гаража во трговскиот центар „Мавровка“, Е.Р.(27) од с.Студеничани-Скопје, го паркирал својот автомобил „голф“ со скопски регистерски ознаки на тротоарот. Тогаш, настанала меѓусебна расправија и тепачка помеѓу С.Ш.(36) од Скопје (вработен во фирмата „Франк“ која стопанисува со подземната гаража) и Е.Р., при што дошло до кршење на задното ветробранско стакло од возилото. Потоа Е.Р. со метален предмет (шипка) го удрил С.Ш. во пределот на главата, кој паднал на асфалтната површина, а Е.Р. го напуштил лице местото оддалечувајќи се во непознат правец и оставајќи го возилото.
Со возило на итна медицинска помош, С.Ш. е пренесен во градската болница „Св. Наум Охридски“ каде му се констатирани тешки телесни повреди (фрактура на черепот со крварење од увото). Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.