Поранешниот грчки министер за внатрешни работи Никос Вуцис денеска е избран за нов претседател на Парламентот на Грција, како кандидат на владејачкиот блок на Коалицијата на радикалната левица (Сириза) и партијата Независни Грци (АНЕЛ).
При гласањето, „за“ изборот на 64-годишниот Вуцис се изјаснија 181 од вкупно 297-те присутни пратеници на 300-члениот грчки Парламент.
Новиот грчки Парламент, кој беше избран на вонредните избори на 20 септември, својата конститутивна седница ја одржа вчера, кога пратениците положија свечена заклетва.
Вуцис ја наследи 38-годишната Зои Констандопулу, која заедно со група пратеници во август ја напуштија Сириза и ја формираа партијата Народно единство. На септемвриските избори партијата не успеа да го мине изборниот праг и да освои пратеници во Парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Насилно спречени претставници на СИРИЗА да положат венци во Политехничкиот факултет во Атина
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Српските пратеници во иднина не ќе можат да преминуваат во други партии