| четврток, 6 декември 2018 |

Поплави на Азурниот брег, најмалку 13 загинати

Најмалку 13 лица загинаа во поплавите предизвикани од силното невреме што вчера го погоди Азурниот Брег во јужна Франција.

Невремето, проследено со пороен дожд, предизвикало нагло зголемување на нивото на реките, од кои поголемиот дел се излеале од своите корита поплавувајќи ги околните реони и создавајќи неколку свлечишта.

Пет лица загинале во местото Манделијо ла Напул, западно од Кан, кога надојдената вода го одвлекла возилото со кое се движеле, бегајќи од поплавите.

Три други лице се удавиле, кога нивното возило заглавило во поплавен тунел во близината на Кан.

Уште три лица ги загубиле животите во поплавен дом за стари лица во местото Антиб, а еден маж се удавил на паркинг плац во Кан, кој се преворил во вистинско мало езеро.

Надојдените води однеле повеќе возила во морето, а поради поплавите десетина возови загалевиле на железничките станици или пругите.

Поради невремето околу 5.000 лица, во најголемиот број Британци и Холанѓани, останале загалавени на аеродормот во Ница.

Во текот на ноќта, невремето од Азурниот Брег се придвижи кон Исток во правец на италијанскиот западен брег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top