| четврток, 6 декември 2018 |

Kривична за насилникот кој се изживуваше врз волк

Полицијата го откри човекот кој крвнички се изживуваше врз безпомошниот волк врзан на трактор. Станува збор за 37-годишен маж со иницијали З.В. од штипското  село Карбинци. Против него е поднесена кривична пријава за измачување на животни.

Според МВР, настанот се случил пред околу три месеци, кога пријавениот пред селската продавница на повредениот волк, кој не беше способен да се движи, со грубо постапување и изложување на непотребни маки му нанел непотребни болки заради изживување и изложување на страдање.

Пред десетина дена видео од измачувањето беше споделено на социјалните мрежи. Во него се гледа  како животното умира во агонија, а при тоа е крвнички го удираат со тупаници и му се стават цигари во ноздрите.

Ова не е прв случај  каде што  мештани од с. Карбинци се изживуваат врз волк. Пред една година маж од истото село на социјалните мрежи објави продажба на мало волкче кое го чувал во дворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top