| четврток, 6 декември 2018 |

„Трето полувреме“ вечерва бесплатно за велешани

На две кинопроекции, во 18  и во 20,30 часот, во салата „Бели мугри“  и  со бесплатни влезници љубителите на филмската уметност ќе можат да го проследат најновиот македонски филм.

„Трето полувреме“ е приказна од времето на Втората светска војна и е посветена на неколку луѓе собрани околу најзначајната споредна работа во светот, фудбалот.

Филмот е посветен на играчите на ФК Македонија, нивниот германско-еврејски тренер Рудолф Шпиц и основачот на клубот Димитрија, кој треба да избере меѓу љубовта кон тимот или лојалност кон новиот поредок.

Филмот е инспириран од вистинските случки во Македонија за време на бугарската окупација во Втората светска војна.

Режисер на филмот „Трето полувреме“ е Дарко Митревски, сценарист Гргур Струјиќ. Во него играат актерите: Сашко Коцев, Катерина Ивановска, Раде Шербеџија, Игор Ангеловски, Ѕвезда Ангеловска, Петар Арсов, Митко Апостолов, Бедија Беговска, Гораст Цветквоски и други.

Проекцијата на „Трето полувреме“ во Велес се случува откако министерството за култура на велешки театар му додели дигитален кино проектор. Инаку, Велес речиси една деценија нема градско кино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top