Шведска постепено преминува на шестчасовен работен ден во настојување да ја зголеми продуктивноста и да ги направи луѓето посреќни, пишува британскиот весник Индепендент.
Работниците ширум земјата веќе се сретнале со оваа промена чија цеи е поголем обем на работата да биде завршен во покус рок и да се осигури луѓето да имаат доволно енергија за уживање во приватниот живот, според пишувањето на порталот Сајенс Алерт.
Центрите на јапонскиот производител на автомобили Тојота во Гетеборг, вториот најголем шведски град, овој пресврт го направиле уште пред 13 години, благодарени на што, како што соопшти компанијата, работниците се посреќни и зголемен е профитот во тој период.
И компанијата Филимундус, која развива апликации за мобилни уреди, минатата година воведе шестчасовен работен ден.
– Осумчасовниот работен ден не е ефикасен како што некои мислат. Да се остане фокусиран на специфична задача осум часови е голем предизвик- изјави директорот на Филимундус, Линус Фелт, додавајќи дека на работниците не им е дозволено на работа да ги користат социјалните мрежи, а состаноците се сведени на минимум.
Шестчасовниот работен ден, според неговата оценка, ќе овозможи луѓето да имаат доволно енергија за приватните обврски кога ќе го напуштат работното место, што е тешко изводливо со осмумчасовниот работен ден.
Според порталот Сајенс Алерт, докторите и сестрите во некои болници во Шведска исто така преминале на шестчасовен работен ден, додека еден старски дом во Гетеборг таа измена ја направил на почетокот на годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.