| четврток, 6 декември 2018 |

Димитар Мирчев: Силно обраќање на Груевски во ОН (видео)

Ова беше еден силен говор со изразени поенти, рече универзитетскиот професор и долгогодишен амбасадор,  Димитар Мирчев го оцени говорт што Премиерот Груевски го одржа во ОН.

– Вакво обраќање беше потребно. Јас во него гледам неколку поенти. Прво беше обраќање до организацијата, нејзиниот јубилеј и даде позитивна оценка, иако во светот има многу критичари и незадоволни од организацијата. Втората беше за состојбите во регионот и третата за спорот со името, подвлече Мирчев.

Беше време на овој начин на Генералното собрание да предупредиме дека Македонија повеќе од 20 години  е жртва на тој спор.

-Премиерот сосема оправдано постави прашање и се заложи за решавање на спорот и отвори перспектива, а сега треба Генералниот секретар и Советот за безбедност да даде некаков извештај за тоа како понатаму ќе се постапува за овој спор, цели Мирчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top