| четврток, 6 декември 2018 |

Кабриолет од 350 илjади евра

Пред са­мо не­кол­ку не­де­ли бри­тан­ска­та ком­па­ни­ја за про­из­водс­тво на лу­ксуз­ни авто­мо­би­ли „Ролс-Ројс“, со об­ја­ву­ва­ње­то на сво­јот нов мо­дел, лу­ксуз­ни­от ка­бри­о­лет „дон“, ја нај­а­ви свет­ска­та пре­ми­е­ра на пре­стиж­ни­от Са­ем за авто­мо­би­ли во Фран­кфурт, кој се одр­жа ми­на­та­та не­де­ла

Со ду­ри 80 про­цен­ти но­ви де­та­ли на ка­ро­се­ри­ја, ка­ко дол­га­та пред­на ха­у­ба, кра­тка­та пред­на сус­пен­зи­ја, ви­со­ки­те ли­нии на ра­ме­ња­та, „Ролс-Ројс“ ин­си­сти­ра на тоа де­ка „дон“ е единс­тве­ни­от и нај­до­бри­от ви­стин­ски ка­бри­о­лет со че­ти­ри се­ди­шта про­из­ве­ден ко­га би­ло во све­тот. Тоа е мо­дел кој ре­чи­си по­дед­на­кво го има рас­по­ре­де­но про­сто­рот за пред­ни­те и за зад­ни­те пат­ни­ци.

Rolls-Royce-Dawn-003

Но­ви­от ка­бри­о­лет има еле­ктри­чен кров кој во це­лос­на ти­ши­на се отво­ра и се за­тво­ра за 20 се­кун­ди при бр­зи­на од 50 ки­ло­ме­три на час. Пред­ни­от дел од авто­мо­би­лот го кра­си огром­на ма­ска за ла­дил­ни­кот, а дол­ни­от дел од бра­ни­кот е про­дол­жен за це­ли 53 ми­ли­ме­три во од­нос на не­го­ви­от прет­ход­ник, мо­де­лот „рајт“. Зад­ни­от дел го кра­си еле­ган­ци­ја­та на мо­де­ли­те ку­пе, до­де­ка кро­вот е опи­шан ка­ко „мо­дер­но ре­мек-де­ло“. Ма­те­ри­ја­ли­те од др­во и ме­тал­ни­те па­не­ли за вна­треш­но­ста, мо­жат да се из­бе­рат во за­вис­ност од жел­ба­та на
ку­пу­ва­чот.

Rolls-Royce-Dawn-010

Rolls-Royce-Dawn-008

Вна­треш­но­ста е ка­ра­кте­ри­стич­на по тоа што ја кра­сат де­та­ли од др­во, ко­жа и хро­ми­ра­ни де­та­ли. Се­ди­шта­та се иск­лу­чи­тел­но удоб­ни, што и се оче­ку­ва­ше, а мо­жат да се на­ме­стат во по­ве­ќе по­зи­ции кои се прет­ход­но ме­мо­ри­ра­ни со обич­но при­ти­ска­ње на ед­но коп­че.

Ка­бри­о­ле­тот е опре­мен со че­ти­ри­зон­ски кли­ма-уре­ди за си­те че­ти­ри пат­ни­ци по­себ­но, и со вр­вен ау­ди­о­си­стем со 16 звуч­ни­ци.

Rolls-Royce-Dawn-005

„Дон“ е прид­ви­жу­ван од до­бро поз­на­ти­от мо­тор на „Ролс-Ројс“ со 12 ци­лин­дри и за­фат­ни­на од 6,6 ли­три. Во не­го е вгра­де­на двој­на тур­би­на, а за­ед­но раз­ви­ва­ат 563 коњ­ски си­ли и нај­го­лем вр­те­жен мо­мент од 780 њутн-ме­три. Бри­тан­ска­та ком­па­ни­ја не са­ка­ше да екс­пе­ри­мен­ти­ра ни­ту со ме­ну­ва­чот, па го вгра­ди бес­пре­кор­ни­от ЗФ осум­сте­пен авто­мат­ски ме­ну­вач. Но­ви­от ка­бри­о­лет ре­тко кој би го во­зел до крај­ни гра­ни­ци, но до­бро е да се знае де­ка од 0 до 100 ки­ло­ме­три на час раз­ви­ва за 4,9 се­кун­ди. Ма­кси­мал­на­та бр­зи­на е еле­ктрон­ски огра­ни­че­на на 250 ки­ло­ме­три на час, а не е ни­ка­ков проб­лем да се по­стиг­не за по­мал­ку од 30 се­кун­ди по­ра­ди го­ле­ма­та ела­стич­ност на мо­то­рот.

Rolls-Royce-Dawn-001

Вкуп­на­та те­жи­на на „дон“ из­не­су­ва 2560 ки­ло­гра­ми и е за ду­ри 200 ки­ло­гра­ми по­ве­ќе од „рајт“ по­ра­ди сло­же­на­та из­вед­ба на кров­на­та кон­струк­ци­ја, и не­оп­ход­ни­те за­си­лу­ва­ња на це­ла­та ка­ро­се­ри­ја. Це­на­та се дви­жи од око­лу 350 ил­ја­ди евра, а „Ролс-Ројс“ пр­ви­те ис­по­ра­ки ги пла­ни­ра за вто­ра­та по­ло­ви­на на 2016 го­ди­на.

Rolls-Royce-Dawn-009

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top