Со дури 80 проценти нови детали на каросерија, како долгата предна хауба, кратката предна суспензија, високите линии на рамењата, „Ролс-Ројс“ инсистира на тоа дека „дон“ е единствениот и најдобриот вистински кабриолет со четири седишта произведен кога било во светот. Тоа е модел кој речиси подеднакво го има распоредено просторот за предните и за задните патници.
Новиот кабриолет има електричен кров кој во целосна тишина се отвора и се затвора за 20 секунди при брзина од 50 километри на час. Предниот дел од автомобилот го краси огромна маска за ладилникот, а долниот дел од браникот е продолжен за цели 53 милиметри во однос на неговиот претходник, моделот „рајт“. Задниот дел го краси елеганцијата на моделите купе, додека кровот е опишан како „модерно ремек-дело“. Материјалите од дрво и металните панели за внатрешноста, можат да се изберат во зависност од желбата на
купувачот.
Внатрешноста е карактеристична по тоа што ја красат детали од дрво, кожа и хромирани детали. Седиштата се исклучително удобни, што и се очекуваше, а можат да се наместат во повеќе позиции кои се претходно меморирани со обично притискање на едно копче.
Кабриолетот е опремен со четиризонски клима-уреди за сите четири патници посебно, и со врвен аудиосистем со 16 звучници.
„Дон“ е придвижуван од добро познатиот мотор на „Ролс-Ројс“ со 12 цилиндри и зафатнина од 6,6 литри. Во него е вградена двојна турбина, а заедно развиваат 563 коњски сили и најголем вртежен момент од 780 њутн-метри. Британската компанија не сакаше да експериментира ниту со менувачот, па го вгради беспрекорниот ЗФ осумстепен автоматски менувач. Новиот кабриолет ретко кој би го возел до крајни граници, но добро е да се знае дека од 0 до 100 километри на час развива за 4,9 секунди. Максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час, а не е никаков проблем да се постигне за помалку од 30 секунди поради големата еластичност на моторот.
Вкупната тежина на „дон“ изнесува 2560 килограми и е за дури 200 килограми повеќе од „рајт“ поради сложената изведба на кровната конструкција, и неопходните засилувања на целата каросерија. Цената се движи од околу 350 илјади евра, а „Ролс-Ројс“ првите испораки ги планира за втората половина на 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст