| четврток, 6 декември 2018 |

Турскиот БДП ќе порасне два и пол пати за 10 години

TТурција очекува дека во 2023 година нивото на БДП ќе се зголеми 2,5 пати, достигнувајќи вредност од два трилиони долари.

Турскиот министер за финансии, Мехмет Шимшек, говореше за развојот на турската економија на турско-арапскиот економски форум вчера во Истанбул, истакнувајќи го значителното подигнување на економијата на својата држава во последните 20 години во светски економски рамки.

Турскиот министер, исто така, истакна дека во моментот Турција е шестата најголема економија во Европа и 16. во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top