| четврток, 6 декември 2018 |

Орбан: Не е праведно САД, богатите арапски земји, Австралија и Израел да не прифаат имигранти

орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека бегалците и имигрантите, кои пристигнуваат во Европа, се претежно млади, кои „изгледаат повеќе како армија, отколку како кандидати за азил“.

Орбан рече дека иако не го отфрлува правото на секоја земја да се обидува да ги реши демографските проблеми со „млади мажи од арапскиот свет, кои наликуваат повеќе на војници“, е неприфатливо тоа да биде натрупано и на неговата земја.

Според него, кој се залага за глобални квоти за прием на бегалци, е нечесно САД, богатите арапски земји, Израел и Австралија, да очекуваат Европа да ги прифати имигрантите, а тие да прифатат сосема малку или николку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top