| четврток, 6 декември 2018 |

Американски компании заинтересирани за бизнис во Македонија

­ Американските бизнисмени се задоволни од поволностите што им ги нуди Македонија на странските инвеститори, а некои од нив се заинтересирани да ја посетат државата и да ги разгледаат можностите за проширување на бизнисот.

gruj sad

Зак Рајли, потпретседател на компанијата „Амфенол“, на бизнис форумот во Хартфорд ја истакна отвореноста и поддршката на македонската Влада за бизнис секторот и најави дека неговата компанија планира проширување на веќе постоечките капацитети во Македонија. ­

zak

– Имаме капацитети во Македонија кои се склоп од повеќе деловни единици. Планираме значително да се прошириме во следните 12 до 18 месеци за што Владата доста ни помага во делот на обезбедувањето дозволи и пристап, со цел да ги изградиме фабриките побрзо и да одговориме на големите барања за дуплирање и триплирање на капацитетите и да одговориме на барањата на клиентите, нагласи Рајли.

gruj sad3

Оние бизнисмени кои се уште немаат инвестирано во Македонија истакнаа дека сериозно ќе ја земат предвид државата како потенцијална дестинација за проширување на нивните бизниси за што во следниот период ќе пристапат кон продлабочени истражувања. ­

– Имаме бизнис за развој на медицинска технологија со производство во Европа и Америка кои ги дистрибуираме во повеќе од 70 земји во светот. Од она што го слушнав денес за можностите за правење бизнис во Македонија, таа ми прерасна во голема точка на мојот радар за натамошни истражувања, како опција и можност за главно седиште и локација за бизнис активности на европскиот пазар, изјави Ентони Вискоглиози, директор на компанијата „Вискоглиози“.

sad gruj4

На бизнис форумот на кој присуствува владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски беа презентирани поволностите што Македонија ги обезбедува за реализација на инвестиции, отворање бизнис и нови работни места.

sad gruj5

Премиерот Груевски во своето обраќање се осврна на позитивните макроекономски индикатори, како што се ниското и умерено ниво на државен долг, стабилниот курс на националната валута, стапката на инфлација, растот на извозот од технолошко­ индустриските развојни зони, кои гарантираат предвидливо опкружување кое е потребно за реализација на долгорочните планови за раст на бизнисите. Тој истакна дека како резултат на владините политики се остварени стапки на раст на бруто домашниот производ што е показател за доброто економско опкружување.

gruj sad1

– Минатата година имавме раст на БДП од 3,8 проценти што беше втор најголем раст во Европа. Претходната 2013 година, исто така, бевме втора најдобра земја според растот на БДП во Европа. Во првата половина од оваа година растот изнесуваше 2,9 проценти што е еден од најдобрите пет резултати во Европа и веруваме дека до крајот на годината ќе продолжиме со оваа добра динамика и повторно ќе бидеме помеѓу земјите со најголем раст во Европа, нагласи Груевски.

grujo

Говорејќи за напредокот на Македонија на листите за бизнис клима на меѓународните финансиски организации, како што се Светската Банка, Форбс, Прајсватерхаус Куперс, Херитиџ, Груевски рече дека тоа претставува потврда за континуираните заложби за унапредување на деловното опкружување. Ги спомена и погодностите што се нудат во технолошко­индустриските развојни зони и најниските трошоци во Европа за правење бизнис, меѓу кои и најнискиот даночен пакет.

sad gruj6

– Персоналниот данок изнесува 10 проценти, данокот на добивка е исто така 10 проценти, а доколку добивката се реинвестира овој данок е 0 проценти. За многу сектори данокот на додадена вредност е намален од 18 на 5 проценти. Континуирано ги намалуваме царинските давачки и сега тие се многу ниски. Исто така, ги намаливме и придонесите за социјално и здравствено осигурување и на тој начин го креиравме најдобриот даночен пакет и за домашните и за странските инвеститори, затоа што се што правиме правиме и за домашните и за странските компании, нагласи Груевски.

sad gruj8

Бизнис форумот во Хартфорд во сојузната држава Конектикат се одржува во рамки на посетата на премиерот Никола Груевски на Соединетите Американски Држави.

gruj sad2

sad gruj7

sad gruj9

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top