| четврток, 6 декември 2018 |

Билиќ поентира кај навивачите, фудбалот е за народ, а не за ВИП гости

Хрватскиот стратег и менаџер на премиерлигашот Вест Хем ги воодушеви навивачите ширум целиот свет подржувајќи ги во бојкотот поради високите цени на билетите за премиерлигата.
Сите навивачи на клубовите се обединија во генерален штрајк поради превисоките цени, и најавија бојкот на натпреварите овој викенд,а Хрватот ги воодушеви со подршката за нив.

– Фудбалот не е спорт како голф или поло, фудбалот не е за ВИП личности. Тоа е спорт за народот и за масата. Заминување на натпревар, со девојка пријател или сам, не треба да биде привилегија. Фудбалот мора да е достапен за секого. Искрените навивачи се важни за фудбалот, е не ВИП личностите – вели Билиќ.

Во Англија просечната цена за билети е највисока во светот и изнесува околу 73 евра, Во Шпанија просечна цена на билет т 68, 81 евро, а во Италија 67,72 евра. Франција има далеку попристапна просечна цена од 36,67 евра, а најефтино е во Германија за само 31,16 евра.
Сите навивачи од клубовите во премиерлигата бараат билетите за гостинските навивачи да не бидат поголеми од 27 евра. Поради тоа викендов на сите натпревари ќе протестираат со транспаренти, а за понатака најавуваат и можен целосен бојкот…

– Клубовите градат нови стадион и за тоа издвојуваат големи пари. Сакаат што побрзо да си ги вратат парите и ја подигнуваат цената на билетите. Но, мора да се пронајде некоја рамнотежа затоа што без навивачи нема спорт. Во фудбалот ми се чини дека навивачите се најважни. Без нив се е бесмислено – вели Билиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top