| четврток, 6 декември 2018 |

Како да му се одмаздиш на партнерот кој те изневерил?

skandal

Никој не сака да биде излажан и изневерен. Заборавете на приказните како што се: „Беше само за една ноќ…За мене тоа не значеше ништо, само секс!“ Мислите дека физичкото неверство не е важно, дека само емоционалното боли?  Не! Неверство си е неверство!

Кога ќе си поиграат со вашата доверба и емоции остануваат лузни за цел живот. И прошката е речиси невозможна. И тогаш на сцена настапува одмаздата како издувен вентил на насобраниот гнев.

Меѓутоа често се случува луѓето во вакви болни ситуации да бидат водени од стихијата на гневот и импулсивно да направат нешто непромислено што може да доведе до контраефект. Може да ве направи смешни во очите на јавноста, а тоа секако не смеете да си го дозволите. Затоа основно правило во ваква ситуација е да си дадете време за емоциите да стивнат. Кога ќе почувствувате дека веќе имате самоконтрола, тогаш сте спремни за акција.

Малку луѓе знаат дека игнорирањето е најдоброто решение што одлично ќе ви послужи како одмазда. Ако партнерот сеуште има чувства кон вас, ќе се обидува да ви објаснува служејќи се со разни лаги, трудејќи се да ја зачува врската со вас. Ако вие влегувате во конфликти, ако се обидувате да му докажете дека многу ве повредил и слично, тогаш целта нема да ја постигнете. Само ладнокрвното негирање на неговото постоење во вашиот живот ја има таа сила сосема да го уништи и да го натера да го проколнува денот кога решил да ве изневери.

Се друго како агресивни испади, мелограматични сцени, карање со другата жена, се неуспешни стратегии кои гарантирано нема да ви донесат никаква полза. Наш совет е: Повлечете се, затворете ја вратата на своето срце и душа. Дури и внатрешно да ве боли, не покажувајте пред него. Ледена маска на лицето и израз на човек на кој му е сеедно! Кратко и јасно ова е најдобрата одмазда!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top