Две девојки се степале вчера пред ресторан во Старата скопска чаршија, девојките се степале поради газдата на познатиот ресторан со кој наводно и двете бил во врска.
-Тепачката велат изворите на порталот „Охриѓани.мк“, се случила околу 23 часот пред затворање на ресторанот во кој вечерале газдата и атрактивна русокоса. Другата девојка откако газдата не и кревал на неговиот мобилен телефон, со такси дошла ненајавено и настанала крвава тепачка.
Летале флаши и мебел, а љубоморната девојка ја скршила и стеклената влезна врата на ресторанот. Во тепачката на девојките кои се кубеле за коси и се тепеле со тупаници се вклучиле и дуќанчиите од соседните дуќани кои се обиделе да ги раздвојат, па повикале и полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.