| четврток, 6 декември 2018 |

Нов интернет-предизвик меѓу тинејџерите – се дрогираат пред камера (видео)

„Пријатели, го прифаќам пасесито-предизвикот“, изговара девојката, а потоа зема бел прав (наводно се работи за кокаин) и го вдишува, пренесува порталот „Кумановски муабети“. Потоа ги предизвикува пријателите да го направат истото.

Не се работи за предизвикот со полевање со кофа мраз, кој земаше замав низ целиот свет минатата година. Пасесито-предизвикот (или Reto de Pasesito) полека го освојува Мексико.

Оваа појава меѓу златната младина, деца на богаташите, предизвика жестоки расправии на социјалните мрежи, а корисниците масовно ја осудуваат оваа појава. „Јутјуб“ ги избриша оргиналните видеозаписи поради очигледни кршења на правилата, а исто го направија и од компанијата „Фејсбук“, но, сепак, тоа не го спречи ширењето на овие видеа на интернет.

Медиумите сметаат дека овој предизвик е многу популарен меѓу припадниците на повисоките слоеви, иако се уште не е потврдено дали белиот прав е кокаин, или нешто друго, а доколку се докаже дека на снимките навистина станува збор за кокаин, на сторителите им се предвидуваат строги казнени санкции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top