Граѓаните на Скопје, кои в недела ќе гласаат во вториот круг од локалните избори, ќе можат бесплатно да ги користат услугите на такси-компанијата „Коммак-комерц“.
Од компанијата најавуваат дека бесплатен превоз ќе добијат оние граѓани што ќе се јават в недела, од 9 до 11 часот.
– Ги известуваме граѓаните од Град Скопје дека в недела, на денот на локалните избори, од девет до 11 часот ќе можат бесплатно да ги користат такси-услугите на такси-компанијата „Коммак-комерц“ на повик на телефонскиот број 151-93 од своите домови до гласачките места – велат од компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


