Верувале или не, продажбата на винили во однос на претходната година пораснала за неверојатни 52 отсто.
Колку и да ви звучи неверојатно, продажбата на грамофонските плочи секој дене е попрофитна во целиот свет.
Веќе три години по ред продажбата на компакт дисковите оди надолу.
Продажбата во однос на претходната година пораснала за 52% и тоа веќе во првата половина на 2015 година (222 милиони долари), а приходите се неверојатно големи.
Причината за тоа лежи во фактот дека луѓето повеќе не сакаат да купуваат цедиња, а тоа го објаснуваат со фактот дека сите содржини може бесплатно да ги симнуваат од сервисите како што се Јутјуб, Вево и други.
Вистина е дека сите тие сервиси кои се достапни на интернет заработуваат повеќе од било кога, а токму продажбата на плочите е онаа која ја дава реалната заработка на музичарите и сопствениците на продуцентски куќи.
Продажбата на плочи е шанса да се збогатите бидејќи никогаш не биле побарани како во САД така и во голем број на земјите на Европска унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци
-
Работното време ѝ поминува на гробишта: Македонка со успешна бизнис-приказна
-
Анѓушев ја продаде ЕДС: За мене е ова и тажен и среќен ден. Таа е мое дете!
-
Си направи бизнис со џимиринки: Со влог од 500€ заработува милиони