| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно утка: Гробницата во Амфиполис не е на Александар Македонски

grobnica grcija hefestion

Подземната гробница за која грчките археолози тврдеа дека е на Александар Македонски, всушност била споменик посветен на неговиот најдобар пријател и доверлив генерал.

Откривањето на гробницата во Амфиполис, во близина на Солун, минатата година, предизвика голема возбуда кај Грците, кои веднаш поитаа да ја пренесат треската низ целиот свет тврдејќи дека, конечно, е пронадено местото каде што почива Александар Македонски.

Сепак, археолозите што го водат проектот велат дека всушност овој грандиозен споменик е изграден од кралот во чест на неговиот најдобар пријател.

Археологот Катерина Перистери верува дека оваа структура декорирана со скулптури и со мозаичен под е гробница посветена на Хефестион.

Македонскиот генерал израснал заедно со Александар и починал во Персија во 324 година пр.н.е., а неговиот крал, наредил во негова чест да се изградат повеќе споменици низ новоосвоената империја. Перистери вели дека нема доказ дека Хефестион, всушност, бил закопан во гробницата во Амфиполис.

– Ние претпоставуваме дека станува збор за светилиште посветено на Хефестион. Не знаеме дали е закопан во гробницата – вели археологот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top