Најчестите термини на пребарување во Сирија покажуваат дека Сиријците очајнички сакаат да ја напуштат земјата која веќе петта година е во војна, додека многу од нив планираат да отидат во Европа.
Ал Џезеира Плус побарала од Гугл информација што најмногу пребаруваат корисниците од Сирија. Резултатите од пребарувањето од последните две недели откриваат дека луѓето бараат информации за најблиските болници, за тоа како се лекуваат изгореници во домашни услови и како се дава вештачко дишење.
Најчестите термини што се пребаруваат се поврзани со патување во Европа, поточно како да се стигне до Германија. Според добиените информации од Гугл, двете работи кои Сиријците најмногу го пребаруваат се „емигрирање во Германија“ и „азил во Германија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.