| четврток, 6 декември 2018 |

Непознати лица влегле во економското „Арсени Јовков“ и прскале со солзавец

Две сеуште непознати лица влегле во економското училиште Арсени Јовков и почнале да прскаат со солзавец дознава Прес 24 од полициски извори.

полиција

Полицијата по обавениот разговор со др. Даниел Петровски од Клиниката за Токсикологија при Ургентниот Центар – Скопје, констатирала дека во клиниката побарале лекарска помош 10 ученици и 1 професор од СУГС Арсени Јовков. Истите се пожалиле на печење на очите, печење на грлото и иритирачка кашлица при што констатирани се телесни повреди од вдишување на непозната материја. Од обавениот разговор со Др.Радмила Нешковска од градската болница 8-ми Септември утврдено е дека се доненсени 3 ученици од СУГС Арсени Јовков. Тие се пожалиле на печење на очите, печење на грлото и иритирачка кашлица при што констатирани се исто така телесни повреди од вдишување на непозната материја. Истите по обавениот разговор појасниле дека спрејот бил употребен од страна на 2 непознати лица кои го веднаш по настанот се упатиле во непознат правец.

Од МВР ги потврдуваат информациите и најавуваат целосно расветлување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top