Магазинот „Билборд“ ја прогласи Лејди Гага за жена на годината, наградата ќе ѝ биде врачена на 11 декември годинава, за време на музичкиот настан Women in Music.
Лејди Гага е одбрана поради големиот придонес во музичката индустрија, филантропијата и слично. Има освоено и шест Греми награди.
– Признанието за жена на годината отсекогаш го претставувало само најдоброто од светот на музиката и доделувано е на влијателни фигури во одредена година.
Олицетворение на тоа во 2015 година е токму Лејди Гага. Почнувајќи од нејзината незаборавна изведба на доделувањето на Оскарите, преку успешната турнеја, нејзината филантропска работа и фондацијата со која им помага на младите луѓе, па сè до најновата ТВ улога – ниту една друга жена не влијаела на вкусот во поп културата и нејзината еволуција како таа денес“, вели Џенис Мин, уредничка на магазинот Билборд.
Со ова признание 29-годишната Лејди Гага им се придружи на Тејлор Свифт, Пинк, Кејти Пери и Бијонсе, кои во текот на претходните години беа добитнички на наградата.
Лејди Гага јавно ја искажа благодарноста на Tвитер:
„Не можам да поверувам дека Билборд ме прогласи за Жена на годината. Многу Ви благодарам. Исклучително сум Ви многу благодарна“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.