| четврток, 6 декември 2018 |

Поскапуваат туристичките аранжмани на островите во Грција

Укинувањето на даночните олеснувања и зголемување на стапката на ДДВ за хотелите на грчките острови, кои се дел од пакетот реформи што од Атина ги бараат меѓунардоните кредитори, ќе резултира со поскапување на аранжманите за летување во Грција за седум до 10 отсто, јави ТАСС.

grcija-turizam

Грчкото Министерство за финансии објави дека од 1 октомври даночните стапки кои важат за цела Грција, ќе почнат да се применуваат и на островите Родос, Санторини, Миконос, Наксос, Парос и Скијатос, кои досега имаат даночни олеснувања.

По ова, даночните олеснувања ќе бидат укинат и за другите острови и тоа во две групи, првата од 1 јуни 2016 и втората од 1 јануари 2017. Со ова, од 2017 година на ниту еден грчки остров нема да има пониски даноци.

Изедначувањето на даночните стапки за островите со оние што важат за континенталниот дел на Грција, се очекува да резултира со пораст на цените на стоките и услугите во островските туристички капацитети.

На шесте осторови од „првата група“ од утре даночната стапка ќе се зголеми од шест на 13 отсто.

Ваквото даночно изедначување е една од 120-те мерки, кои грчката Влада се согласи да ги спроведе во замена за новиот пакет помош во вредност од 86 милијарди евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top