| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Асад мора да прифати компромис со бунтовниците

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека сирискиот лидер Башар ел Асад ќе море да биде подготвен да прифати компромис со умераната опозиција.

Russian President Vladimir Putin

– Конечно и трајно решение на кризата во Сирија ќе биде можно само со политички реформи и со разговор со здравите сили во земјата, изјави Путин.

Според рускиот претседател, Асад ја сфаќа ваквата потреба и е подготвен на „таков процес“.

Ваквата изјава на Путин уследи откако руското Министерство за одбрана потврди дека авиони на Военото воздухопловство на Русија започнале да извршуваат воздушни напади врз цели на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top