Бројот на работниците во индустријата во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи раст од 1,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Во секторот Рударство и вадење камен во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бројот на работници бележи опаѓање од 2,7 отсто, а пораст од 1,7 отсто бележи во секторот Преработувачка индустрија и 0,4 отсто пораст во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,8 отсто и Капитални производи за 16,6 отсто, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,9 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2 отсто и Енергија за 1,7 отсто.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-август 2015 година, во однос на периодот јануари-август 2014 година изнесува 1,8 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.