| четврток, 6 декември 2018 |

Кривични против тројца вработени во УЈП

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.К.(51) од Тетово управник во УЈП-Регионална дирекција-Тетово, С.А.(62) од Македонски Брод раководител во УЈП Тетово и против непознат сторител вработен во УЈП Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба наслужбена положба и овластување.

Пријавените во својство на управител и раководител ја злоупотребиле службената положба на тој начин што не обезбедиле наплата на долг односно даночна обврска на Авто мото здружение од Гостивар што ја имало кон УЈП, а исто така не постапиле согласно законот за даночна постапка, необезбедувајќи залог на недвижен и движен имот кој не бил оптоварен со хипотека за кој УЈП водела постапка со АМЗ Гостивар за побарување во извршна постапка. Поради ова Управата не можела да ги наплати своите побарувања бидејќи врз недвижниот имот на здружението била запишана хипотека во корист на „Триглав“- осигурување.

Со овие дејствија по основ на неплатен данок на доход и камата оштетен е буџетот на РМ за износ од 14.884.949 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top