Тетоважите се измислен пред неколку илјади години и од тогаш технологијата на тетовирањето прилично напреднала и сликите на нашите тела се далеку пософистицирани, но нашето познавање на боите не напреднало многу.
Помеѓу еден и шест отсто луѓе кои имаат тетоважа, страдаат од некој вид на бактериска инфекција, а кај многумина проблемот не е само локален туку се одразува врз целиот организам.
Германска студија од 2010 година открила дека 67,5 отсто луѓе имале компликации поради тетовирањето, а кај 6 отсто од нив, тие компликации останале трајни.
Порано здравствените тегоби во врска со тетовирањето начесто биле врзани со недостатокот на хигиена, меѓутоа тие проблеми се санирани со воведување на поостри стандарди. Но сега се појавуваат нови проблеми поврзани со потеклото на боите кои се користат.
Една швајцарска студија, која е спроведена помеѓу 2008 и 2013 година, открила дека во боите за тетовирање има дури 39 различни бои со органско потекло од кои ниту за една не се направени тестови како реагира човечката кожа.
Тие бои може да предизвикаат различни реакции, кои најчесто пополека се развиваат. Различни студии утврдиле дека 20 отсто примероци на бои содржат бактерии, а црвената боја е онаа која најмногу предизвикува алергиски реакции. Ниту една студија не утврдила зошто токму таа боја предизвикува најмногу проблеми.
Се проценува дека во Европа има 10 милиони луѓе со тетоважи, а европските земји немаат регулатива за боите кои се користат за тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.