| четврток, 6 декември 2018 |

Китаровиќ: Хрватска не треба да ги затвора границите, туку цврсто да ги контролира

kitar

Хрватска не треба да ги затвора граничните премини, туку цврсто да ја контролира границата меѓу тие премини, бидејќи мора да се знае кој и зошто влегува во земјата, смета хрватската претседателка Колинда-Грабар Китаровиќ.

Китаровиќ, исто така, нагласи дека Хрватска нема капацитети за згрижување на бегалците и дека Брисел за тоа треба да помогне.

Додека проблемот предизвикан од бегалската криза не може да се реши од корен, треба да се обезбедат услови за бегалците во државите како Турција или Либан, нагласи Китаровиќ во Њујорк.

– Очигледно дека ситуацијата се влошува, бидејќи многу држави, кои ги привлекуваат бегалците, јасно кажуваат дека нема да примаат економски мигранти – истакна хрватската претседателка на обраќањето на Генералното собрание на ОН.

Грабар Китаровиќ нагласи дека е разговарано и за самитот на ЕУ, САД и Арапската лига. – Овие денови ќе се разговара на ниво на министри за надворешни работи, но во блиска иднина, ќе се одржи самит на највисоко ниво за овие прашања. Очигледно 50 до 60 милиони мигранти низ целиот свет се обидуваат да дојдат до подобар живот, што е нивно легитимно право, но за жал нашите држави тоа на ваков начин не можат да им ги остварат, истакна таа.

Според Китаровиќ проблемот треба да се реши од корен, но засега е важно да се обезбедат надворешните европски граници, што првенствено се однесува на границата меѓу Турција и Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top