Палестинско знаме денеска првпат ќе биде подигнато во Обединетите нации, што е знак на надеж во време на растечки очај што не е создадена независна држава, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Генералниот секретар на ОН, Бан Кимун и Абас ќе претседаваат со 15 минутната церемонија откако палестинскиот лидер ќе се обрати пред Генералното собрание.
Израел и САД се против подигнување на палестинско знаме наведувајќи дека симболичниот гест не е во корист на мирот. Генералното собрание на ОН на 10 септември гласаше за истакнување на знаме на Палестина и на Ватикан, земјите кои имаат статус на набљудувачи. Резолуцијата беше поддржана од 119 земји, 45 беа воздржани и осум против.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
Советот за безбедност при ОН усвои резолуција за 30-дневно примирје во Сирија
-
Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Ерусалим