| четврток, 6 декември 2018 |

Историјата на фотографијата преку збирките на фондацијата М+М Оер во Кинотека

Фотографската фондација М+М Оер е основана во 2009 година со цел да се заштитат и промовираат постојаните збирки како и да се надополнат со нови фотографски дела.

Македонскиот центар за фотографија, Кинотеката на Македонија и Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје организира презентација на тема „Историја на фотографијата, преку збирките на фотографската фондација М+М Оер“.

Фотографското богатство на Фондацијата ќе го презентира основачот Мишел Оер, а се состои од над 50.000 оригинални фотографии кои потекнуваат од самиот почеток на фотографијата (1839) до денес, како и повеќе од 21.000 фотографски книги и преку 500 стари фотографски камери.

Фотографската фондација М+М Оер е основана во 2009 година со цел да се заштитат и промовираат постојаните збирки како и да се надополнат со нови фотографски дела. Преку организирање изложби на млади, но и неправедно заборавени фотографи секојдневно ја надополнуваат меѓународната фотографска енциклопедија.

Нивните публикации, како и организирањето работилници, предавања и семинари придонесуваат во разбирањето на фотографијата како медиум за креативно изразување.

Презентацијата ќе се одржи вечерва, 30-ти септември во 19 часот во Кинотека на Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top