Викторија Лоба ја одбра Венеција за своја есенска дестинација.
Таа летово како да не можеше да се насити од сонце, море, плажа, па ретко кога можеше да се види во Скопје. Викторија Лоба до неодамна работеше на тенот на грчките плажи, а откако настапи есента кај неа на ред дојде романтична есенска дестинација.
Охрид, Грција, Хрватска, Црна Гора беа само дел од местата каде Лоба уживаше летово и тоа најчесто во друштво на својата посилна половина, бизнисменот Ѓорѓи, а претпоставуваме дека и сега заедно со него ужива во неверојатните убавини на Италија.
Лоба е воодушевена од романтичните гондоли во Венеција, а во комбинација со љубовта веруваме дека ова ќе биде уште едно незаборавно патување за неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.