| четврток, 6 декември 2018 |

Загина екстремниот спортист што прв скокна на скии од карпа на Попова Шапка(видео)

erik

Вчера  на 39 годишна возраст, загина ѕвездата на МТВ кој ја промовираше Македонија, Ерик Ронер. Ронер загинал во несреќа што му се случи при „скајдајвинг”, во близина на Олимпик Вели, во американската држава Калифорнија, објави Спортмедиа.мк

Според локалната полиција, Ронер доживеал смртни повреди од ударот во дрво, паѓајќи со падобранот за време на настапот на група од четворица екстремни спортисти што ја предводеше, на отворањето на четвртата годишнина од турнирот „Скво Вели голф селебрити“ . Остави сопруга, со две деца. Тој ја промашил целта, а спасителите не можеле да го извлечат од дрвото цели 40 минути.

Ронер е изведувач на првиот ски-скок од карпа на Попова Шапка (base jump), што е филмувано во рамките на серијата „Тетон гравити“. Погледнете како Ронер ја промовираше Македонија во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top