Татковска љубов е едно од најсилните чувства, кое, колку и да звучи како клише, не може да биде опишана со зборови. Свесни за тоа, многу татковци се свртуваат кон алтернативен начин преку кој симболично ја изразуваат љубовта кон своите наследници, имено поставувајќи врз своето тело тетоважа. Исклучок не прават ни познатите родители од светот на филмот и на музиката, кои се решаваат да ја изразат својата радост и љубовта кон своите наследници.
Познати татковци:
Кање Вест
Кога Кање стана татко за првпат, тој го одбележа овој незаборавен момент во неговиот живот со тетоважа направена врз неговиот зглоб, со датумот на раѓањето на неговата ќерка Норт Вест.
Дејвид Бекам
Фудбалерот ги носи имињата на своите синови, Бруклин, Круз и Ромео, испишани врз грбот, а името на неговата ќеркичка, Харпер, на горниот дел од левата клучната коска.
Виз Калифа
Раперот, исто така, е од познатие што направиле тетоважа на своето тело во чест на својот наследник. Виз го прослави раѓањето на својот син Себастијан тетовирајќи го неговото нагалено име Баш врз челото.
Роберт Дауни Џуниор
Актерот го носи името на првородниот син во стилизирана рамка врз десното рамо, но бидејќи наскоро на виделина се појави и неговата ќерка Аврил, очекуваме тој наскоро да се пофали со уште една тетоважа, овој пат во чест на новиот член на семејството.
Џони Деп
Актерот е познат љубител на тетоважите и самиот тој е горд сопственик на десетици, но секако најинтересни се оние посветени на неговите две деца, Џон, Џек Деп и Лили Роуз Деп. Името на неговата ќерка е тетовирано над неговото срце, а Џек ја краси неговата рака.
Лени Кравиц
Тетоважата на пејачот на безимениот прст на десната рака е навидум едноставна, но всушност е со длабока симболика, посветен на најважната жена во неговиот живот, неговата ќерка Зое.
Јуан Мекгрегор
Актерот има голема тетоважа на десното рамо, која се издвојува со имињата на жена му Ева и со тие на нивните две ќерки, Естер и Клара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.