| четврток, 6 декември 2018 |

Оперите од Метрополитен од трети октомври повторно во живо во „Синеплекс“

Сезоната почнува на 3 октомври со „Трубадур“ (Џузепе Верди). Насловната улога ѝ припадна на Ана Нетребко (Леонора). Емитувањето ги вклучува сите шест нови поставки на Метрополитен од сезоната 2015-16. Серијалот ќе се емитува во 70 држави на 6 континенти во 2015-16 година, како и во 750 театри во САД.
Kласичните љубители на музиката низ целиот свет покажуваат дека операта може да има место покрај холивудските бестселери во нивните локални кина. Повеќе од 17 милиони билети се продадени во изминативе девет години од почетокот на серијалот. Со секоја нова сезона интересот во светски рамки се зголемува.
Десетата сезона уште еднаш ќе понуди разновидност на оперски стилови за глобалната кино-публика, вклучувајќи и пет дела кои се пренесени како дел од серијалот за првпат: „Танхојзер“ на Вагнер, „Лулу“ на Берг, „Ловци на бисери“ на Бизе, „Роберто Деверо“ на Доницети и „Електра“ на Штраус. Овие дела ќе бидат споени од извонредните изведби на петте фаворити од репертоарот: „Трубадур“ и „Отело“ на Верди, како и „Турандот, „Манон Леско“ и „Мадам Батерфлај“ на Пучини.
Репертоарот ќе биде дополнет со снимка од операта „Волшебната флејта“ на Моцарт, изведена на сцената на Метрополитен во 2014 година.
-Емитувањата во висока резолуција ги стимулираат љубителите на операта, но во исто време служат како голема мотивација за пејачите – вели Питер Гелб, генералниот менаџер на Метрополитен.

-Знаејќи го фактот дека глобалната публика навистина ужива во овие изведби и секогаш е расположена да ги гледа и слуша, нашите оперски ѕвезди се инспирирани за да ја дадат нивната најдобра изведба- додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top