Германската полиција заплени 300 килограми кокаин, што бил скриен во бродски контејнер со кој се пренесувале делови за машини.
Контејнерот бил на брод што од Бразил пристигнал во белгиското пристаниште Антверпен, а дрогата откако со камион била транспортирана во Германија на 18 септември, ја откриле вработени во логистичка компанија за која биле наменети деловите.
Според соопштението на полицијата, кокаинот бил спакуван во вкупно 283 пакети распоредени во девет вреќи.
Контејнерот бил натоварен во бразилскиот град Сантос, а најверојатно поради пропуст на шверцерите, не бил преземен во Антверпен, пред да биде префрлен во Германија, во град во близина на границата со Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.