Досега нема најава и не е пријавено дека некои превозници претрпеле штети од блокадата на хрватско-српската граница, изјави денеска министерот за економија Беким Незири, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе бидат обештетени македонските превозници.
Одговарајќи на новинарски прашања за активностите во случај Хрватска да одлучи целосно да ја затвори границата Незири рече дека Министерството за економија ги следи сите чекори и оти е подготвено за кое било сценарио.
– Хрватска е членка на Европската унија и се надевам дека ЕУ нема да дозволи херметичко затворање на граница. Како држава и како Министерство активно ги следиме сите чекори и сме подготвени за кое било сценарио кое би произглегло доколку се затвори таа граница, изјави Незири.
Според министерот Незири, доколку држава којашто е членка на ЕУ ја затвори границата има и европски фондови кои што ќе придонесат штетите да се покријат.
– Ја следиме секоја активност и ќе бидеме тука за кое било сценарио што би можело да се случи, но мислам дека херметичко затворање на границата ќе нема, изјави Незири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Зголемувањето на акцизата е против земјоделството, остра реакција и на превозниците
-
Земјотресите во Охрид се намалуваат по интензитет и зачестеност, комисиите ги проценуваат штетите
-
Екипите на Град Скопје ги расчистуваат последиците од вчерашното невреме
-
Почна пријавувањето на штетите на земјоделците од пролетниот мраз