| четврток, 6 декември 2018 |

Обама го игнорирал Путин на свечената вечера по Генералното собрание на ОН

Image: File photo of U.S. President Obama meeting with Russian President Putin in Los Cabos

Рускиот претседател Владимир Путин, и неговиот американски колега, Барак Обама, се обратија на Генералното собрание на ОН, по што присуствуваа на свечена вечера.

Нивното однесување на вечерата ја заинтересира светската јавност, на која Обама одржал говор. По завршувањето на говорот американскиот претседател дошол до масата на која било предвидено да седи и кога со пијалак во раката почнал да наздравува, целосно го игнорирал шефот на руската држава.

Дали намерно или случајно, Обама во секој случај се однесувал како да не го забележува Путин.

Политичките аналитичари различно реагирале на однесувањето на двајцата лидери. Додека едни сметаат дека Обама намерно го игнорирал Путин од политички причини, други велат дека тој едноставно не го забележал во моментот.

Малку подоцна, Обама и Путин сепак наздравиле, но како што може да се забележи на фотографиите американскиот претседател бил „ладен како мраз“, а рускиот лидер имал мала, незабележлива насмевка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top